• недела, 22 декември 2024

Израел: Немаме потврда за смртта на наследникот на лидерот на Хезболах

Израел: Немаме потврда за смртта на наследникот на лидерот на Хезболах

Тел Авив, 7 октомври 2024 (МИА) - Израел сè уште нема потврда дека потенцијалниот наследник на лидерот на Хезболах, Хашем Сафедин, бил убиен, соопштија денеска израелските власти.

- Сè уште немаме потврда за тоа. Кога ќе биде потврдено, како и кога, информацијата ќе биде објавена на веб-страницата на израелската армија (ИДФ), изјави портпаролот на владата, Дејвид Менцер.

Сафедин наводно бил убиен во ист воздушен напад во Дахија, Бејрут, каде претходно овој месец беше убиен и долгогодишниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала.

Иако либанските медиуми објавуваат дека Сафедин бил убиен, официјални потврди од Хезболах сè уште нема. ссм/

фото: архива

Остани поврзан