• четврток, 26 декември 2024

Израел нареди евакуација на областа што претходно ја прогласи за хуманитарна зона во Газа

Израел нареди евакуација на областа што претходно ја прогласи за хуманитарна зона во Газа

Тел Авив, 22 јули 2024 (МИА) - Израелската армија денеска нареди евакуација на дел од територијата во Појасот Газа, што претходно ја определи како хуманитарна зона.

Армијата објави дека планира да започне операција против милитантите на Хамас кои се во областа и оттаму лансираат ракети кон Израел.

Станува збор за источниот дел на хуманитарната зона Муваси, што се наоѓа на југот од Појасот.

Претходно овој месец, Израел соопшти дека проценува дека најмалку 1,8 милиони Палестинци се наоѓаат во хуманитарната зона што ја прогласи, која опфаќа дел од околу 14 километри долж Средоземното Море. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан