• среда, 18 декември 2024

Израел му предложи на Синвар да ја напушти Газа во замена за враќање на заложниците

Израел му предложи на Синвар да ја напушти Газа во замена за враќање на заложниците

Ерусалим, 19 септември 2024 (МИА) - Израел понуди договор кој ќе вклучува ослободување на сите заложници во Појасот Газа во замена на лидерот на Хамас Јахја Синвар да му биде дозволено безбедно да ја напушти Газа и да се бори до крај, објавија израелските медиуми.

Според јавниот сервис Кан, предлогот ќе вклучува и ослободување на палестинските затвореници и нов систем на управување во Газа, но медиумите не дадоа детали.

Претставник на израелските власти потврдил за „Тајмс оф Израел“ дека посредникот меѓу семејствата на заложниците и владата, Гал Хирш, „го презентирал планот на Американците, кои требало да им го пренесат на „арапските службеници“.

САД, заедно со Катар и Египет, се една од трите земји кои посредуваат меѓу Израел и Хамас. Палестинскиот исламистички лидер Јахја Синвар, кој не се појавува во јавноста една година, е еден од најбараните израелски луѓе и се верува дека е организатор на нападот на 7 октомври.

Портпаролот на израелската влада Дејвид Менцер на денешната прес-конференција не одговори на прашање за информациите објавени од двата медиума. Тој потсети на претходните изјави со кои се повикува меѓународната заедница да изврши притисок врз Хамас да направи отстапки за да се постигне договор. паг/


Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан