• недела, 18 јануари 2026

Израел е незадоволен од составот на Одборот за мир објавен од САД

Израел е незадоволен од составот на Одборот за мир објавен од САД

Teл Авив, 17 јануари 202 (МИА) - Израелската влада соопшти дека се спротивставува на составот на „Одборот за мир“ во Газа, претходно објавен од Белата куќа.

Според нив, составот „не бил координиран со Израел и е против неговата политика“, без детално објаснување.

Во соопштението се вели и дека премиерот Бенјамин Нетанјаху му наложил на Министерството за надворешни работи да го контактира државниот секретар Марко Рубио.

Составот на комитетот објавен од Белата куќа вчера не вклучува израелски функционер, но вклучува израелски бизнисмен.

Други членови, чии имиња досега се објавени, вклучуваат двајца од најблиските доверливи луѓе на претседателот Доналд Трамп, поранешен британски премиер, американски генерал и група високи функционери од владите на Блискиот Исток.

Администрацијата на Трамп претходно оваа недела објави дека планот за прекин на огнот во Газа, подготвен од САД, влегува во предизвикувачка втора фаза. зш/

Остани поврзан