• недела, 22 декември 2024

Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут

Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут

Тел Авив, 20 октомври 2024 (МИА) - Израелските сили го нападнаа разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, како и подземната фабрика за оружје, соопшти израелската армија.

Пред нападот беа преземени мерки за ограничување на цивилните жртви и беа издадени однапред предупредувања, соопшти армијата.

На видеото од израелскиот удар, објавено на „Х“, се гледа како е погодена висококатница.

Израелските сили, исто така, го објавија убиството на главниот командант на групата во јужен Либан, Ал-Хаџ Абас Салама, кој според нив е одговорен за повеќе напади врз Израел и ги предводел силите на Хезболах во регионот на либанскиот пограничен град Бинт Џбеил.

Убиени се и експертот за комуникации на Хезболах Рада Абас Авада и шефот на единицата за производство на оружје Ахмад Али Хусеин, соопшти израелската војска.

-Овие ликвидации се дел од големите напори на ИДФ и безбедносните сили да го спречат складиштето на оружје на Хезболах што има за цел да ја поткопа способноста на ИДФ да ја брани државата Израел, се вели во соопштението.

Хезболах извести за нови напади врз северен Израел, а сирените за воздушен напад се огласија во израелскиот пристанишен град Хаифа. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан