• понеделник, 06 мај 2024

Израел го извести Египет дека дава „последна шанса“ да го реши прашањето за заложниците

Израел го извести Египет дека дава „последна шанса“ да го реши прашањето за заложниците

Ерусалим, 26 април 2024 (МИА) - Израелските власти ги информираа своите египетски колеги дека Израел е подготвен да им даде „последна шанса“ на преговарачите за постигнување договор со Хамас во однос на заложниците, пред армијата да започне напад врз Рафа, објави американското издание Аксиос.

„Израел му даде до знаење на Египет дека е сериозен во врска со подготовките за операцијата во Рафа и дека нема да дозволи Хамас да ја забави топката“, изјавил израелски извор за изданието. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан