• понеделник, 23 декември 2024

Израел ги повлече акредитациите за осум норвешки дипломати на палестинските територии

Израел ги повлече акредитациите за осум норвешки дипломати на палестинските територии

Тел Авив, 8 август 2024 (МИА) – Израел денеска ја повлече акредитацијата за осум норвешки дипломати кои работеа како претставници на Палестинската управа, што шефот на норвешката дипломатија го опиша како „екстремен чин“.

Неговиот израелски колега,Израел Кац, изјави дека одлуката е донесена како одговор на антиизраелското однесување на Норвешка, вклучувајќи го и признавањето на палестинската држава.

-Норвешка води еднострана политика во однос на палестинското прашање и затоа ќе биде отстранета од палестинското прашање, рече Кац.

„Норвешка ја обвинува владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за дипломатскиот спор и сега размислува како да одговори на новонастанатата ситуација“, изјави норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде.

-Ова е екстремен чин кој првенствено влијае на нашата способност да му помогнеме на палестинското население... Денешната одлука ќе има последици за нашиот однос со владата на Нетанјаху, рече првиот човек на норвешката дипломатија.

Во 1990-тите Норвешка помогна во постигнувањето на Договорот од Осло, што требаше да воспостави мир меѓу Израелците и Палестинците.

Норвешка претседава со меѓународната донаторска група за Палестинците.сд/

фото:МИА архива 

Остани поврзан