• сабота, 29 јуни 2024

Израелците протестираа во Тел Авив против планот за анексија на Западниот брег

Израелците протестираа во Тел Авив против планот за анексија на Западниот брег
Тел Авив, 6 јуни (Танјуг) - Илјадници Израелци денеска протестираа во Тел Авив против планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, на кои претендираат Палестинците. Поради ризикот од коронавирус демонстрантите носеа заштитни маски и ја почитувана социјалната дистанца, а се собраа под слоганот „Не на анексијата, не за окупацијата, до слобода и демократија“, пренесуваат британските медиуми. Премиерот Нетанјаху најави декла од 1 јули ќе почне со реализирација на планот за анексија на израелските населби и долината Јордан во Западниот брег и дека за тоа го чека одобрението од Вашингтон. Палестинците сакаат независна држава на Западниот Брег, со Источен Ерусалим како нивни главен град и Појасот Газа, што се териториите што Израел ги освои со шестдневната војна во 1967 година. сд/

Остани поврзан