• недела, 17 ноември 2024

Израелски тенкови насилно влегле во позиција на ОН во јужен Либан

Израелски тенкови насилно влегле во позиција на ОН во јужен Либан

Бејрут, 13 октомври 2024 (МИА) – Израелски тенкови насилно влегле во мировната база на Обединетите нации во јужен Либан, соопшти ОН, пренесува ДПА.

- Два тенкови Меркава на ИДФ ја уништија главната порта на позицијата и насилно влегоа во позицијата. Тие неколкупати бараа базата да го изгасне светлото, се вели во соопштението на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ).

Се додава дека тенковите заминале околу 45 минути подоцна откако УНИФИЛ протестирал преку својот механизам за врска. Мировните сили на ОН соопштија дека присуството на израелската војска ги доведува во опасност мировниците.

Околу два часа подоцна, на истата локација се случи уште еден инцидент, соопшти УНИФИЛ. Се слушале истрели и се гледало како се крева чад, по што 15 мировници претрпеле иритации на кожата и гастроинтестинални проблеми, соопштија силите на ОН.

Израелската војска, исто така, вчера го запре важното „логистичко движење Унифил“ во близина на либанскиот пограничен град Маис ал-Џабал и не дозволи да помине, се вели во истото соопштение.

Израелската армија засега нема коментар за инцидентите.

Остани поврзан