• четврток, 09 мај 2024

Израелски претседател: Ги повикувам светските лидери да го поддржат Израел со зборови и со дела

Израелски претседател: Ги повикувам светските лидери да го поддржат Израел со зборови и со дела

Тел Авив, 9 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Израел Исак Херцог, го спореди упадот на милитантите на Хамас во текот на викендот со „грозоморните и неискажливите“ акции на т.н. Исламска држава, повикувајќи ги светските лидери да го прогласат Хамас за терористичка организација и да го поддржат Израел со „зборови и со дела“.

- Мислам дека од Холокаустот не се убиени толку многу Евреи во еден ден. Од Холокаустот не сме биле сведоци на сцени на еврејски жени и деца, баби и дедовци - дури и оние кои го преживеале Холокаустот - како се ставаат во камиони и се носат во заробеништво. 

- Хамас го воведе, усвои и го повтори дивјаштвото на ИСИС, влегувајќи во домовите на цивилите на празници и ладнокрвно убивајќи цели семејства. Млади и стари, малтретираат и палат тела, тепаат и мачат невини жртви, Евреи и муслиманите и други религии. Бруталност. Нечовечност. Варварството на чудовиштата. Нелуѓе - чудовишта“, рече Херцог. ссм/

фото: архива

Остани поврзан