• петок, 28 јуни 2024

Израелски медиуми тврдат дека од Газа се извлечени телата на исчезнати Израелци

Израелски медиуми тврдат дека од Газа се извлечени телата на исчезнати Израелци

Тел Авив, 14 октомври 2023 (МИА) - Телата на неколку Израелци, кои изминатата недела беа киднапирани од Хамас за време на нападот, се пронајдени од израелската армија за време на вчерашниот копнен напад врз Газа, јавија израелските весници.

Весниците „Харец“ (Haaretz) и „Џерусалим Пост“ (Jerusalem Post) наведуваат дека израелските одбранбени сили пронашле неодреден број тела, враќајќи ги на израелска територија, како и некои работи што им припаѓале на исчезнатите лица.

Пешадија и оклопни единици на израелската армија вчера учествуваа во неколкуте рации во кои е „елиминирана ќелија на Хамас која истрелуваше противтенковски проектили на израелска територија“, пишува „Церусалим Пост“. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан