Израелските сили убиле еден и раниле четворица Палестинци во Наблус
- Министерството соопшти дека едно лице е убиено денеска, пред зори, додека палестинските борци соопштија дека се судриле со израелските сили и доселениците во областа Наблус, јавија британските медиуми.
Наблус, 20 јули 2023 (МИА) - Израелските сили убиле еден и раниле уште најмалку четворица Палестинци, од кои двајца се во тешка состојба, во окупираниот град Наблус, на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство и Црвената полумесечина.
Министерството соопшти дека едно лице е убиено денеска, пред зори, додека палестинските борци соопштија дека се судриле со израелските сили и доселениците во областа Наблус, јавија британските медиуми.
Најмалку четворица Палестинци се здобиле со прострелни рани, а двајца се во тешка состојба, соопшти палестинската Црвена полумесечина, во, како што ги опиша, судирите со израелските сили во источниот дел на Наблус, северен град на окупираниот Западен Брег, кој традиционално е центар на палестинскиот отпор на израелската окупација.
Бригадите Ал-Кудс, вооруженото крило на групата Исламски џихад, изјавија дека нејзините членови „се борат против окупациските сили и групите доселеници кои ја нападнаа областа на гробот на Јосиф“, мислејќи на светилиштето во градот во кое често има судири меѓу Палестинците и израелските сили.
Израелската војска не одговори веднаш на барањето за коментар за последното убиство на Палестинец, што следи по нападот на израелските сили на почетокот на овој месец врз бегалскиот камп Џенин, кога загинаа 12, а беа повредени речиси 100 Палестинци. сд/
фото:МИА архива