• вторник, 16 јули 2024

Израелските сили убиле две палестински деца во Џенин

Израелските сили убиле две палестински деца во Џенин

Џенин, 29 ноември 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска убија две палестински деца во напад врз камп во градот Џенин.

Палестинската агенција Вафа, повикувајќи се на безбедносни и локални извори, јави дека ИДФ со закана со оружје ги принудила жителите на населбата Дамџ, во кампот Џенин, да ги напуштат своите домови по масовното уништување на куќи и улици во соседството, а притоа бомбардирале и една куќа со дрон. 

Агенцијата додаде дека ИДФ ја продолжила својата „агресија врз кампот Џенин, каде што почнале масовна кампања на апсења и евакуирале граѓани од нивните домови во населбата Дамџ во екот на насилни судири“. 

ИДФ потоа употребила булдожери за да ја уништи придружната инфраструктура, водоводната, електричната и канализационата мрежа и оштетила неколку возила во кампот. Додава палестинската агенција. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан