• вторник, 05 ноември 2024

Израелските војници извршија рација во куќата на заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури

Израелските војници извршија рација во куќата на заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури

Тел Авив, 21 октомври 2023 (МИА) - Израелските војници на Западниот Брег извршија рација во куќата на заменик-лидерот на Хамас и еден од основачите на военото крило на организацијата, Салех ал-Арури, кој се наоѓа во Либан, и приведоа членови на неговото семејство, изјавија очевидци, пренесува Тајмс оф Израел.

Приведени се 20 лица, меѓу кои и братот на Аури и девет внуци.

Војниците влегле во домот на Аури во селото Арура, околу 20 километри северно од Рамала, во зори, при што уапсиле повеќе од 20 лица, меѓу кои еден од неговите браќа и девет внуци, изјавија очевидци.

Десетици луѓе биле донесени на сослушување.

Ал Арури, кој се наоѓа во Либан, е клучна цел на Израел од нападот на 7 октомври, кога милитантите на Хамас од Газа навлегоа во јужниот дел на Израел, убивајќи најмалку 1.400 луѓе, главно цивили, и земајќи повеќе од 200 заложници, соопштија израелските власти. 

Армијата соопшти дека рацијата била организирана во соработка со службата за внатрешна безбедност Шин Бет и оти довела до апсење на „десетици членови на Хамас“, вклучително и роднини на Арури.

Ал Арури помина речиси 20 години во израелските затвори, а беше ослободен во 2010 година под услов да оди во егзил. ссм/

фото: илустрација/архива

Остани поврзан