• петок, 05 декември 2025

Израелскиот претседател го поздрави усвојувањето на резолуцијата за Газа во СБ на ОН

Израелскиот претседател го поздрави усвојувањето на резолуцијата за Газа во СБ на ОН

Тел Авив, 18 ноември 2025 (МИА) – Израелскиот претседател Исак Херцог го поздрави усвојувањето на резолуцијата за Газа во Советот за безбедност на ОН и ја опиша како „пресвртница“.

- Сакам да му честитам на претседателот Доналд Трамп за неверојатното достигнување, рече Херцог во говор во Ерусалим, соопшти неговиот кабинет.

Херцог, исто така, ги повика европските земји да му дадат јасно до знаење на палестинското раководство дека мора да спроведе реформи и да престане со финансирање на терористите.

Израел редовно ја критикува Палестинската управа, која управува со делови од Западниот Брег, за плаќање пари на затвореници во израелските затвори и на преживеаните членови на семејствата на напаѓачите. Палестинската управа неодамна ја објави својата намера да ги прекине овие плаќања.

Херцог се изјасни за реконструкција на Појасот Газа, како што е наведено во резолуцијата, и за „достоен живот“ за локалното население.

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција, составена од САД, со која се поддржува планот на Трамп за ставање крај на војната во Газа и овластување за распоредување на меѓународни стабилизациски сили во палестинската енклава. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан