• среда, 18 декември 2024

Израелскиот министер за одбрана по пат на видео-врска ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО

Израелскиот министер за одбрана по пат на видео-врска ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО

Брисел, 10 октомври 2023 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант се очекува в четврток да учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО преку видео-врска, изјави западен претставник.

Дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата почнува утре во Брисел, а главни теми ќе бидат  судирите во Израел, војната во Украина и ситуацијата на Западен Балкан, посебно во Косово.

На состанокот во Брисел претходно беше планирано да се разгледаат прашања поврзани со војната во Украина и мисиите на НАТО во Косово и Ирак, но седницата со Галант беше додадена по големиот напад на Хамас врз Израел во саботата, изјави денеска официјален претставник на Алијансата.

Оттаму уште додаваат дека Алијансата нема да дозволи повторување на кризата која постоеше во 90-тите години на Западен Балкан. Најавено е дека министрите ќе го разгледаат ангажманот на воените мисии на алијансата во странство, како што е КФОР.

Пристигнувањето на дополнителни сили од Велика Британија и Романија во составот на КФОР претставува дел од вообичаените активности во различни околности, се наведува во соопштението од штабот на НАТО. ссм/

 

 

Остани поврзан