• понеделник, 23 декември 2024

Израелскиот министер за надворешни работи повика на „брзо елиминирање“ на новиот лидер на Хамас

Израелскиот министер за надворешни работи повика на „брзо елиминирање“ на новиот лидер на Хамас

Тел Авив, 7 август 2024 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, повика на „брзо елиминирање“ на новиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, кој ја презеде функцијата од убиениот водач Исмаил Ханија.

„Именувањето на архитерористот Јахја Синвар за нов лидер на Хамас, кој ќе го замени Исмаил Ханија, е уште една убедлива причина да го елиминираме брзо и да ја збришеме оваа подла организација од лицето на Земјата,“ напиша Кац на мрежата Х, пренесе Тајмс оф Израел.

Командантот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, вчера беше именуван за политички лидер на оваа милитантна палестинска група, а израелската војска го бара од почетокот на војната во енклавата поради планирање на нападите на 7 октомври. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан