• вторник, 26 ноември 2024

Израелскиот министер Бен Гвир се извини за навредата на неговиот син кон претседателот Бајден

Израелскиот министер Бен Гвир се извини за навредата на неговиот син кон претседателот Бајден

Ерусалим, 6 февруари 2024 (МИА) - Израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен Гвир денеска се извини откако неговиот син на социјалната мрежа Х го исмеваше американскиот претседател Џо Бајден, наведувајќи дека боледува од Алцхајмерова болест.

„Шавуел е мој син и јас го сакам, но синоќа направи сериозна грешка со твитот што воопшто не го одобрувам“, напиша Итамар Бен Гвир на X. „САД се нашиот најголем пријател, а претседателот Бајден е пријател на Израел“, додаде министерот.

Нема место за „навредливи“ изјави, рече тој.

Осумнаесетгодишниот Шавуел Бен Гвир синоќа објави фотографија од 81-годишниот Бајден, придружувајќи ја со коментар дека е „важно да се подигне свеста“ за Алцхајмеровата болест, „која е најчеста причина за когнитивно опаѓање и деменција кај постарите лица“.

Објавата потоа беше избришана, а Шавуел им се извини на своите околу 2.800 следбеници.

Итамар Бен Гвир е министер во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху - една од најдесно ориентираните во историјата на Израел. Лидерот на партијата Еврејска моќ често дава скандалозни, а понекогаш и исмејувачки изјави. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан