• петок, 22 ноември 2024

Израелска армија: Уапсени десетици „терористи“ во Кан Јунис

Израелска армија: Уапсени десетици „терористи“ во Кан Јунис

Кан Јунис, 2 април 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека нејзините сили уапсиле „десетици терористи“ кои во последните денови се обиделе да ја напуштат болницата Насер во јужниот дел на градот Кан Јунис во Појасот Газа.

Израелските војници ја пребарале болницата Насер „да се уверат дека нема инфраструктура на терористичката организација Хамас“, пишува Тајмс оф Израел.

Уапсените се предадени на израелската безбедносна агенција Шин Бет и Единицата 504 на Воената разузнавачка агенција за дополнително истражување.

Освен тоа, како резултат на операциите во населбата Ал Амал во Кан Јунис, израелската армија уби десетици вооружени мажи и заплени големо количество оружје. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан