• вторник, 17 декември 2024

Израелската полиција започна истрага поради смртните закани упатени за премиерот Бенет

Израелската полиција започна истрага поради смртните закани упатени за премиерот Бенет
Тел Авив, 26 април 2022 (МИА) - Израелската полиција денеска соопшти дека започнала истрага по упатената смртна закана за премиерот Нафтали Бенет. Полицијата соопшти дека до семејството на премиерот било испратено писмо со закана за смрт, а во писмото имало и куршум. Истрагата ја отвори Одделот за специјални криминали и Агенцијата за внатрешна безбедност Шин Бет. Други детали не се соопштени, додека од кабинетот на Бенет информираа дека семејството на премиерот добило зголемено обезбедување. ссм/

Остани поврзан