• четврток, 12 декември 2024

Израелската војска соопшти дека помогнала на ОН да одбијат напад во Сирија

Израелската војска соопшти дека помогнала на ОН да одбијат напад во Сирија

Тел Авив, 7 декември 2024 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека им помогнала на силите на Обединетите нации (ОН) да одбијат напад во Сирија, на границата со Голан.

„Вооружани лица го нападнаа пунктот на ОН во регионот Хадер, во Сирија“, се наведува во соопштението на војската, мислејќи на градот кој се наоѓа на работ на тампон-зоната под контрола на ОН, на Голанската висорамнина.

Во соопштението се додава дека израелската војска ги зајакнала своите сили во областа, која Израел ја зазеде за време на Шестдневната војна во 1967 година.

Силите на ОН се распоредени во тампон-зоната од 1974 година за да го надгледуваат прекинот на огнот.

Иако бунтовниците веќе повеќе од една недела изведуваат офанзива во Сирија, израелската војска потврди дека ќе продолжи да делува „за да го заштити Израел и неговите граѓани“. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан