• понеделник, 23 декември 2024

Израелската војска погодила сириска воена станица како одговор на ракетен истрел

Израелската војска погодила сириска воена станица како одговор на ракетен истрел

Тел Авив, 19 декември 2023 (МИА) - Израелската армија соопшти дека нападнала сириска воена станица како одговор на ракетен истрел, јави ДПА.

Ракетите истрелани од Сирија паднале „на отворено поле“, се наведува во соопштение.

Според невладината мониторинг организација со седиште во Велика Британија, Сириската опсерваторија за човекови права, полиција поврзана со Иран истрелала три ракети.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, која избувна по нападот извршен од страна на палестинското исламистичко движење Хамас во јужен Израел на 7 октомври, постојано има престрелки и други инциденти долж северните граници на Израел, главно со Либан, но и со Сирија.

Инаку, израелските воздухопловни сили со години редовно бомбардираат цели на сириска територија. Како што јавуваат странските агенции, целта на Израел е да го спречи својот голем непријател Иран да го прошири военото присуство во Сирија со помош на сојузничките полиции. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан