• сабота, 02 ноември 2024

Израелската војска изведе воздушни напади врз училиште во Газа, каде се криеле палестински борци

Израелската војска изведе воздушни напади врз училиште во Газа, каде се криеле палестински борци

Тел Авив, 9 јули 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека извела воздушни напади врз неколку палестински борци кои се криеле во училиште во Газа, пренесе ДПА.

Армијата користела прецизно наведувана муниција за да избегне цивилни жртви додека ја нападнала групата борци кои се криеле во зградата во реонот Нусејрат во централниот дел на Газа, соопштија Израелските одбранбени сили (ЦАХАЛ) доцна синоќа, без да соопштат повеќе детали.

Војската повторно ги обвини двете вооружени групировки – Хамас и Палестински исламски џихад, дека „систематски го прекршуваат хуманитарното право“, користејќи „граѓански објекти и население како жив штит“.

Ова се случува откако неодамна ЦАХАЛ соопшти дека погодиле борци на „Хамас“ на територијата на поранешно училиште, управувано од Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци. Според Хамас, тогаш биле убиени 16 лица.

Армијата тврди дека борците го користеле училиштето како оперативна база за напади врз израелските воени сили, нагласувајќи дека пред нападите биле преземени мерки за намалување на ризиците за цивилното население.

Агенцијата ДПА забележува дека не може да ги потврди тврдењата на двете страни преку независни извори. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан