• понеделник, 23 декември 2024

Израелската влада не сака да го коментира убиството на Ханија

Израелската влада не сака да го коментира убиството на Ханија

Тел Авив, 31 јули 2024 (МИА) - Портпаролот на израелската влада, Дејвид Мензер денеска одби да го коментира убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран.

-Нема да го коментираме тој инцидент, рече тој на брифинг со новинарите.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханија и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан