• недела, 14 јули 2024

Израелската армија уби Палестинец на Западниот Брег

Израелската армија уби Палестинец на Западниот Брег

Ерусалим, 15 јуни 2023 (МИА) - Израелски војници денеска убија Палестинец на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските здравствени власти.

Како што е наведено, 20-годишниот Калил Јахја Анис бил застрелан во главата во градот Наблус, честа сцена на конфликт меѓу израелската армија и Палестинците.

Израелската армија соопшти дека била под оган за време на воена операција во тој град и дека одговорила.

Војниците го демолирале домот на Палестинец одговорен за нападот на израелски војник минатата година. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан