• сабота, 06 јули 2024

Израелската армија тврди дека открила тунели и оружје на Хамас под Универзитетот во Газа

Израелската армија тврди дека открила тунели и оружје на Хамас под Универзитетот во Газа

Тел Авив, 9 декември 2023 (МИА) - Израелската војска соопшти дека пронашла оружје и тунели на теренот на Универзитетот Ал Азхар во Појасот Газа и дека палестинската исламистичка група Хамас го користи кампусот за своите активности, јави ДПА.

Еден од тунелите достигна километар од кампусот до училишната зграда. За време на вчерашните борби војската на територијата на универзитетот пронашла експлозиви и ракети. Според израелската војска, Хамас ја злоупотребува и употребата на самата универзитетска зграда, изведувајќи напади врз израелските војници од неа. Оваа информација се уште не е потврдена од независни извори.

Израелската војска постојано го обвинува Хамас дека извршува напади од станбени комплекси, болници и други невоени згради, користејќи цивили како штит. Хамас ги отфрла овие тврдења.

Акциите на израелската армија веќе се предмет на сериозни критики од меѓународната заедница, бидејќи доведоа до сериозно страдање и раселување на голем број палестински цивили, забележува германската Агенција.

Според Министерството за здравство, повеќе од 17.000 луѓе биле убиени во Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан