• петок, 05 декември 2025

Израелската армија суспендираше војници поради нивно однесување пред приведените Палестинци

Израелската армија суспендираше војници поради нивно однесување пред приведените Палестинци

Тел Авив, 19 декември 2023 (МИА) - Израелската војска суспендираше група војници кои беа снимени како пушат наргиле и се шегуваат пред уапсени Палестинци со врзани очи.

Видеото на кое се гледа како војници се смеат и јадат во иста просторија каде што се држат најмалку седум Палестинци со врзани очи стана вирално на интернет за два дена.

„Однесувањето на војниците на видеото е за осуда и е во целосна спротивност со вредностите на ИДФ (Израелските одбранбени сили)“, изјави портпаролот на израелската војска.

По сослушувањето, резервистите се суспендирани до понатамошно известување, додаде портпаролот.

Видеото снимено во градот Џенин на окупираниот Западен Брег за два дена го погледнале милиони корисници на социјалните мрежи.

На интернет кружат уште неколку видеа и фотографии на кои се гледа како израелски војници пребаруваат куќи, уништуваат стоки во продавници, се обидуваат да запалат залихи со храна или извикуваат расистички слогани во Појасот Газа. ссм/

фото: принт скрин

Остани поврзан