• недела, 22 декември 2024

Израелската армија изврши воздушен напад врз предградие на Бејрут

Израелската армија изврши воздушен напад врз предградие на Бејрут

Бејрут, 20 септември 2024 (МИА) - Израелската војска соопшти дека денеска извршила „наменски напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори за британски медиуми изјавиле дека биле погодени јужните предградија на Бејрут.

„ИДФ изврши наменски напад во Бејрут. Засега нема промени во одбранбените директиви на Командата за домашниот фронт“, соопшти израелската војска, без да даде повеќе детали.

Британските медиуми јавуваат дека густ облак од чад може да се забележи над Бејрут, а жителите пријавиле дека слушнале силна експлозија.

Според извештаите на либанските медиуми, нападот се случил во предградието Дахија, за кое Израел тврди дека е упориште на милитантната група Хезболах, пишува „Тајмс оф Изрзел“.

Претходно денеска, Хезболах лансираше 150 ракети во правец на северен Израел, објавувајќи дека со ракети Каќуша гаѓал повеќе воени локации долж границата, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана и штаб на израелска оклопна бригада, за која тврдеше дека е првата погодена цел.

Новата размена на оган доаѓа по серијата експлозии на комуникациски уреди во вторникот и средата, при што загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 3.000 беа ранети во Либан.сд/

фото:Х

Остани поврзан