• понеделник, 23 декември 2024

Израелската армија го објави своето повлекување од Кан Јунис на полугодишнината од воените дејствија

Израелската армија го објави своето повлекување од Кан Јунис на полугодишнината од воените дејствија

Ерусалим, 7 април 2024 (МИА) - На денот кога се одбележуваат шест месеци од почетокот на израелската војна со Хамас, израелската армија објави дека ги повлекува своите сили од градот Кан Јунис, најголемата населба во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.

„Девеесет и осмата дивизија на израелската армија ја заврши својата мисија во Кан Јунис. Единицата се повлекува од Појасот Газа за да ги поврати загубите и да се подготви за натамошни операции“, соопштија денеска израелските вооружени сили.

Значаен дел од израелската војска „продолжува да дејствува во Појасот Газа и ќе ја зачува слободата на дејствување на израелските вооружени сили и нивната способност да спроведуваат прецизни разузнавачки операции“, велат тие.

Сè уште не е јасно дали повлекувањето од Кан Јунис претставува пресвртница во израелската стратегија во тековната војна во Газа или е уште една средна фаза на патот кон можна операција во египетскиот пограничен град Рафа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан