• четврток, 22 јануари 2026

Почина израелската полицајка која утрово беше нападната со нож во Ерусалим

Почина израелската полицајка која утрово беше нападната со нож во Ерусалим

Ерусалим, 6 ноември 2023 (МИА) - Почина израелската гранична полицајка која утрово се здоби со тешки повреди при напад со нож во Ерусалим, соопшти израелската полиција.

Таа беше нападната од 16-годишен Палестинец пред полициска станица во Источен Ерусалим, кој Израел го анектираше откако го освои во Шестдневната војна во 1967 година.

Во соопштението полицијата наведува дека „терористот е неутрализиран“.

Полицајката (20), која има и американско државјанство, се преселила во Израел пред две години и живеела во кибуц во близина на границата на Појасот Газа во област нападната од членовите на исламската екстремистичка група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, убиени се 59 израелски полицајци, објавија израелските медиуми. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан