• четврток, 26 декември 2024

Изненадувањето на денешните избори во Бугарија, Слави Трифонов, соопшти дека има симптоми на Ковид-19 и е изолиран

Изненадувањето на денешните избори во Бугарија, Слави Трифонов, соопшти дека има симптоми на Ковид-19 и е изолиран
Софија 4 април 2021 (МИА) - Изненадувањето на парламентарните избори во Бугарија - Слави Трифонов, лидерот на партијата „Има таков народ“, вечерва на својот официјален профил на Фејсбук, на крајот од изборниот ден, напиша дека има симптоми на Ковид-19 и дека ги прави потребните истражувања и се изолирал. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на тоа што Трифонов го напиша на Фејсбук, „сега е важно тоа што се случи на изборите, а не симптомите“. „Ако се прашувавте како изгледа суверен, еве како изгледа. Обично по изборите сите партии се прогласуваат за победници. Денеска победници сте вие! Вие ја баравте власта и промената е неизбежна“, напиша Трифонов. Овој ТВ водител и шоумен, со денешниот изборен резултат на неговата партија, се јавува како клучен политички фактор во формирањето на идното владеачко мнозинство во бугарскиот Парламент. Според анкетите на две социолошки агенции од Софија, партијата на Трифонов има речиси половина процент повеќе освоени гласови од досега главната опозициска сила во Бугарија - БСП. нк/сд/

Остани поврзан