• сабота, 23 ноември 2024

Измамници печалат на маката на сточарите во источна Македонија

Измамници печалат на маката на сточарите во источна Македонија

Штип,13 август 2021 (МИА) - Измамници печалат на маката на малешевските сточари, кои по големите пожари останаа без поголем дел од пасишта и кабаста храна за овците и кравите. Вчера е измамен 39-годишен сточар од Пехчевско село. Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека пријавата до нив пристигнала вчера во 9.49 часот.

-Триест и девет годишен жител на пехчевско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 70.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило и му понудило да му продаде јачмен, а тој прифатил. Како што е пријавено, откако се договориле, лицето побарало парите да ги остави на таксист од Виница. Исто така, според пријавата, откако ги предал парите се обидел повторно да го побара лицето, но телефонскиот број му бил недостапен, се вели во соопштението на СВР-Штип. 

На истиот начин, пред неколку дена беше измамен сточар и од Општина Свети Николе. Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.вј/бт/

Остани поврзан