• понеделник, 23 декември 2024

Изложба „Хор од солисти“ на белградскиот фоторепортер Иван Иванов

Изложба „Хор од солисти“ на белградскиот фоторепортер Иван Иванов

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на фотографии на белградскиот фотограф Иван Иванов насловена „Хор од солисти“.  Промотор на изложбата со фотографии од најпознатите артисти од поранешните југословенски простори ќе биде Владимир Галевски.

Иванов целиот работен век го минал како фоторепортер на неделниците „Дуга“ и „Практична жена“ за кои подготвил голем број насловни страници и фоторепортажи од општествено политичкиот живот и културните манифестации и фестивали во поранешна Југославија.  Објавувал фотографии  во „Политика“, „Ослобоѓење“, „Дело“, во ревиите Екран (Скопје), Студио ( Загреб), Стоп ( Љубљана), Полски Екран, Руски Екран...

- Со својот фотоапарат во рацете снимал и се што ќе му привлече внимание од секојдневието но со својот фотоапарат ги забележувал возбудливите ревии на Карден , Живанши, Александар Јоксимовиќ и светските артисти и режисери кои доаѓале на ФЕСТ и БИТЕФ. На фото портретите на Иванов може да се забележи нешто искрено, топло и старинско, нешто што отскокнува од студенилото на дигиталните снимки, наведува МКЦ во најавата за изложбата. 

Во 2012 година, Јован Ќирилов, филозов, писател, театролог и директор на БИТЕФ, во Галеријата на Академијата на уметности на Србија во Белград , ја отворил неговата самостојната изложба „Некад и сад“.лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан