• понеделник, 10 јуни 2024

Изложба на фотографии со птици и диви животни од Ариан Мавриќи во Тетово

Изложба на фотографии со птици и диви животни од Ариан Мавриќи во Тетово

Тетово, 22 мај 2024 (МИА) - Со самостојна изложба „Зборуваме со фотографии“  пред тетовската публика се претстави авторот Ариан Мавриќи од Косово.

Триесетина фотографии се изложени во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово каде имаше и свечено отворање на изложбата.

- Некаде на почетокот на 2012 година, Аријан страсно влегува во прекрасниот свет на фотографијата. Уште од детството сонувал да фотографира птици и диви животни, па запознавањето со фотографите на дивиот свет стана неопходност за продолжување на овој прекрасен сон, информираат од Центарот за култура.

Ариан Мавриќи има добиено повеќе локални и меѓународни награди за фотографија. Дел од настанот беше и проекција на документарен филм посветен на работата на фотографот. ас/мд/

фото: ЦК  
 

 
 

 

Остани поврзан