• петок, 22 ноември 2024

Изложба на македонска еколошка мода и дизајн „Slowscapes“

Изложба на македонска еколошка мода и дизајн „Slowscapes“
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Во Културно-социјалниот простор „Центар - Јадро“ во Скопје од денеска ќе биде отворена изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes". За ова издание на изложбата беше објавен отворен повик, при што стручното жири  ги одбра брендовите и дизајнери - „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине. Како што е најавија од македонскиот моден бренд „Лудус“, изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. - Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Исто така, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно, соопштија од „Лудус“. Изложбата ќе биде отворен до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот. бт/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан