• петок, 05 декември 2025

Излезноста во Пробиштип во 13 часот за 4 отсто поголема од првиот круг на Локалните избори

Излезноста во Пробиштип во 13 часот за 4 отсто поголема од првиот круг на Локалните избори

Пробиштип, 2 ноември 2025 (МИА) – Во Пробиштип до 13 часот гласале 4.486 избирачи или 36,66 отсто од вкупниот број на избирачи.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Пробиштип, Јорданчо Димитриев истакна дека за 4 отсто е поголема излезноста во споредба со првиот круг од Локалните избори.

-Во мирна, фер и демократска атмосфера се гласа на гласачките места во Пробиштип, немаме никакви проблеми со спроведувањето на вториот круг од Локалните избори, вели Димитриев.

Во Пробиштип се гласа на 45 избирачки места, а право на глас имаат 12.251 избирач. Вчера гласаа болни и изнемоштени лица. Од пријавените 263 болни и изнемоштени лица, своето право на глас го оствариле 255 лица. Додека, пак, осум лица не го оствариле, бидејќи четворица заминале на болничко лекување, еден избирач починал, а тројца не можеле да си ги најдат личните документи. вдј/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан