• петок, 22 ноември 2024

Излезни анкети: Ликуд победува на изборите во Израел

Излезни анкети: Ликуд победува на изборите во Израел
Тел Авив, 2 март 2020 (МИА) - Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху освои најмногу места (36-37) на денешните парламентарни избори, но неговиот десничарки блок и верска партија немаат мнозинство во Парламентот со 120 места, јави ДПА повикувајќи се на излезни анкети. Десничарскиот блок, чиј дел е и Ликуд, екстремно десничарската Јамина и ултра православните партии освоија 60 мандати, еден помалку од 61 место - мнозинство за кое се надеваше дека ќе го освои. Централно-левиот блок во кој се Сино и Бело, Лабуристи-Мерец-Гешер, Заедничката листа на арапските партии добија 52-54 мандати, според три одделни излезни анкети објавени на главните израелски телевизии. Авигдор Либерман од ултранационалистичката, но секуларна партија Израел Бејтину, освои 6-8 места, јави ДПА. Ова се трети парламентарни избори за помалку од една година. Израелскиот премиер Нетанјаху, кој на оваа функција е во последните 13 години, на чело на преодната Влада се наоѓа подолго од една година. По двете рунди избори, во април и септември, немаше јасен победник и не беше формирана влада, па беа распишани трети избори, што досега се нема случено во историјата на Израел. јт/    

Остани поврзан