• понеделник, 23 декември 2024

Излезни анкети во Франција: Премиерката Елизабет Борн е избрана, претседателот на собранието Ришар Феран е поразен

Излезни анкети во Франција: Премиерката Елизабет Борн е избрана, претседателот на собранието Ришар Феран е поразен
Париз, 19 јуни 2022 (МИА) – Премиерката на Франција Елизабет Борн е избрана за првпат за пратеник во шестата изборна единица во Калвадос, со 52,3 отсто од гласовите, според првите проценки на ИФОП. Таа го победи кандидатот на Нупес, Ное Гошар (47,7 отсто), јави дописникот на МИА. Жералд Дарманин, министерот за внатрешни работи на својот Твитер профил објави дека е реизбран во 10-та изборна единица на Север, со 57,52 отсто од гласовите против Нупес, Лесли Мортре. Оспоруваниот министер за солидарност, Дамиан Абад е реизбран за пратеник во 5-та изборна единица Ен, со 57,86 отсто од гласовите. Тој на тој начин ја победи кандидатката на Нупес, Флоренс Писани (42,14 отсто). Така, новиот министер за солидарност, автономија и инвалиди треба да остане во владата. Тој беше уште позагрозен бидејќи се соочува со неколку обвиненија за силување. Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на пратеничката група на Републиката во Маарш Кристоф Кастанер е поразен во втората изборна единица Алпи-Горна Прованса, со 48,51 отсто од гласовите, покажуваат конечните резултати на МВР. Тој се соочи со кандидатот на Нупес, Лео Валтер (51,49 отсто). Министерката за здравство, Брижит Бургуњон, беше поразена во шестата изборна единица Па-де-Кале. Таа се соочи со Кристин Енгранд, кандидатка на Националниот собир. Избрана за пратеник во оваа изборна единица од 2012 година, новата министерка за здравство и превенција се уште е малку позната на пошироката јавност и затоа не треба да ја задржи функцијата. Претседателот на Националното собрание Ришард Феран го призна неговиот пораз. Тој беше поразен во шестата изборна единица во Финистер, со 49,33 отсто од гласовите, според делумните резултати пресметани врз основа на 96 отсто од регистрираните гласачи. Претседателот на Националното собрание се соочи со кандидатот на Нупес Мелани Томин (50,67 отсто) од гласовите. тг/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан