• недела, 22 декември 2024

Излезе од печат книгата „Јазикот - нашата единствена комплетна татковина“ од Свето Стаменов

Излезе од печат книгата „Јазикот - нашата единствена комплетна татковина“ од Свето Стаменов

Скопје, 17 февруари 2022 (МИА)По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески и 95-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков, деновиве од печат излезе двотомната книга „Јазикот - нашата единствена комплетна татковина (I - II) на Свето Стаменов, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје.

Книгата претставува збирка од 50 интервјуа посветени на македонскиот стандарден јазик,  реализирани во рамки на авторскиот проект Quo vadis“ и на редовните програми Актуелно и Радио спектар на Македонското радио - Радио Скопје во периодот од 26 декември 2014 година до 20 декември 2020 година.

Во нив, истакнати македонски лингвисти, слависти и македонисти, универзитетски професори, научни и културни дејци говорат за настанувањето, развојот и афирмацијата на македонскиот јазик, за проблемите со кои се соочува, за неговото место и улога во македонското општество, како и за тоа што треба да се направи за неговиот опстанок, развој и иднина.

Како прилог во втората книга на „Јазикот - нашата единствена комплетна татковина“ се дадени содржините на специјалните радио - емисии: Македонскиот јазик и медиумите“. ар/бак/

Остани поврзан