• понеделник, 24 јуни 2024

Изет Меџити - вицепремиер и министер за животна средина

Изет Меџити - вицепремиер и министер за животна средина

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) – Изет Меџити, претседател на Демократското движење од коалицијата „Вреди“ кој во новата влада ќе биде вицепремиер и министер за животна средина, е роден на 8 февруари 1977 година во Скопје. 

Дипломирал Финансиски менаџмент и сметководство на Економскиот факултет во Скопје каде и магистрирал.  Покрај албанскиот, од останати јазици, во својата биографија има наведено дека познава англиски и македонски јазик, а од компјутерски вештини Microsoft office. 

Работното искуство го започнува како професор во средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје од 2001 до 2004 година. Градоначалник на Општина Чаир е во три мандати од 2005 до 2017 година, а пратеник во Собранието станува во 2020 година. ар/лв/

Фото: Собрание

Остани поврзан