Издадена наредба за обдукција и вештачење на оружјето од инцидентот во Волково
- За инцидентот во Волково издадена е наредба за обдукција и од местото на настанот подигнато е оружјето кое ќе биде предмет на вештачење.

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - За инцидентот во Волково издадена е наредба за обдукција и од местото на настанот подигнато е оружјето кое ќе биде предмет на вештачење.
Од Државното јавно обвинителство информираат дека извршен е увид на лице место и дека ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот.
Во инцидентот во Волково почнаа две лица, а еден малолетник е повреден и пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи. бак/лв/
Фото: МИА архива