• петок, 22 ноември 2024

Изгоре стан во Струмица

Изгоре стан во Струмица

Струмица, 23 ноември 2023 (МИА) - Попладнево околу 17 часот изгоре стан во зграда во центарот на Струмица, на улицата „Васил Сурчев“, но за среќа пожарот не зафатил други станови.

Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и шест пожарникари.

- Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон другите простории и останатите станови, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, кој додаде дека во текот на ноќта пожарникарите ќе останат на местото на пожарот за да вршат контрола на материјалот кој догорува.

Тој информираше дека истовремено со интервенцијата на гасењето на пожарот во станот, имале уште една попладнево во селото Василево, каде гаселе запалена покривна конструкција. рт/вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан