Изгореа борова шума и трева во неколку пробиштипски села
- Од 250 до 300 хектари борова шума и трева изгореа за 24 часа во пробиштипските села Неокази, Трипатанци, Бунеш, Ратавици. Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов вели дека пожарот синоќа е целосно изгаснат, благодарение на дождот. Посочува дека овој пожар бил опасен за месното население, бидејќи огнот се доближил на три метри од првата куќа во село Неокази, а исто така бил опасен и за пожарникарите од ТППЕ Пробиштип, Кавадарци и Штип, кои учествувале во неговото гаснење.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.