• понеделник, 01 јули 2024

Изгаснат пожар на дива депонија на патот од Шуто Оризари према Визбегово

Изгаснат пожар на дива депонија на патот од Шуто Оризари према Визбегово
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Пожар на дива депонија избувна вечерва на патот од скопската населба Шуто Оризари према Визбегово, но набрзо е изгаснат, информира за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Ѕвонко Томески. Како што информира Томески, опожарени се бакарни кабли и поради тоа се шири таква непријатна миризба и чад. На пожарот интервенирале две противпожарни возила со пет пожарникари, а моментно се работи на расчистување за да не се запали повторно. мс/цр фото МИА архива

Остани поврзан