• четврток, 19 декември 2024

Извршен одбор на СДСМ: Последниот европски предлог добра основа за европските интеграции и почеток на преговори

Извршен одбор на СДСМ: Последниот европски предлог добра основа за европските интеграции и почеток на преговори
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Извршниот одбор на СДСМ попладнево на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци: 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки СДСМ Центар за комуникации со јавноста _______________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан