Извлечени групи во Конференциската лига
- Европската фудбалска федерација (УЕФА) попладнево со жрепка во Истанбул го одреди составот на осумте групи во Конференциската лига.
Истанбул, 26 август 2022 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) попладнево со жрепка во Истанбул го одреди составот на осумте групи во Конференциската лига.
Косовскиот Балкани, кој вчера со вкупни 3-1 го елиминираше македонскиот првак Шкупи во плејофот, за противници ги доби Славија Прага, Клуж и Сиваспор, додека „најзвучна“ е групата Б во која ќе играат Вест Хем, Андерлехт, ФЦСБ и Силкеборг.
Состав на групите:
Група А – Башакшехир, Фиорентина, Хартс, Рига
Група Б – Вест Хем, ФЦСБ, Андерлехт, Силкеборг
Група Ц – Виљареал, Хапоел Бер – Шева, Австрија Виена, Лех Познањ
Група Д – Партизан, Келн, Ница, Словачко
Група Е – АЗ, Аполон, Вадуз, Дњипро – 1
Група Ф – Гент, Молде, Шамрок, Ѓургарден
Група Г – Славија Прага, Клуж, Сиваспор, Балкани
Група Х – Базел, Слован Братислава, Жалгирис, Пјуник.
Групната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување почнува на 8 септември, а завршното коло е на програмата на 8 ноември.
Финалето е закажано за 7 јуни идната година на „Фортуна арена“ во Прага. ег/паг/