• сабота, 23 ноември 2024

Извидници организираа работилници за активизам и волонтеризам за основците од Крива Паланка

Извидници организираа работилници за активизам и волонтеризам за основците од Крива Паланка

Крива Паланка, 25 септември 2023 (МИА) – Во организација на Извидничкиот одред „Наум Наумовски - Борче“ од Крива Паланка и Сојуз на извидници на Македонија, во Крива Паланка се одржаа повеќе работилници за учениците од двете основни училишта од градот, на тема „Значење на шумите за животната средина“.

Со денешната работилница беа заокружени серијата активности одржани во периодот од 19 до 22 септември, кои ќе продолжат со организирањето на извиднички камп во месец октомври.

 - Низ практични примери, презентации и директно учество на учениците во активности насочени кон подигнување на свеста за значењето на шумите за животната средина, како и нивна заштита, околу 400 ученици од трето,четврто и петто одделение од ООУ„св.Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, Крива Паланка, работеа во рамки на запознавањето со проектот: „БОРЕНКА- младинска акција за активизам и волонтеризам“, истакнаа организаторите на настанот.

Тие известија дека учениците се запознаа со проектот, неговата улога во општеството, активностите кои ќе се спроведуваат и значењето на шумите за животната средина.

 - По презентацијата, искусни волонтери од нашито извиднички одред и Сојуз на Извидници на Македонија, учениците цртаа дрвца на лист хартија кои ги засадија во виртуелната шума, а проследија и анимиран филм кој праќа јасна порака како да се заштитат шумите од пожар, информира Соња Ангеловска, претседател на  Извиднички одред „Н.Н.Борче“, Крива Паланка, носител на проектот во чии рамки се реализираа акивностите, додадоа тие.

Проектот „БОРЕНКА – младинска акција за волонтеризам и активизам“ финасиски е подржан од УНДП со кофинансирање од Општина Крива Паланка.

Извиднички одред "Наум Наумовски Борче" со поддршка од Општина Крива Паланка во рамки на програмата за поддршка на здруженија и фондации 2023 година, ќе го реализира проектот „Младински инклузивен центар". ид/ сан/

 

Фото: МИА

Остани поврзан