• петок, 22 ноември 2024

Известувачот за Косово во ЕП го поздрави дијалогот меѓу Белград и Приштина

Известувачот за Косово во ЕП го поздрави дијалогот меѓу Белград и Приштина
Белград, 28 август 2022 (МИА) - Известувачот за Косово во Европскиот парламент Виола фон Крамон го поздрави постигнувањето договор за документите во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Фон Крамон на својот Твитер профил напиша дека се надева оти брзото спроведување на договорот ќе доведе и до изнаоѓање решение за регистарските таблички.
„Добро е да се слушне дека е постигнат договор под водство на ЕУ, со недвосмислена поддршка на заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар. Се надеваме дека брзата имплементација ќе доведе до решение за табличките на автомобилите и ќе не донесе поблиску до конечен договор за нормализација“, напиша Фон Крамон во објавата. паг/

Остани поврзан