• недела, 22 декември 2024

Изборното тело во Пакистан ги отфрли номинациите на Кан за изборите во 2024 година

Изборното тело во Пакистан ги отфрли номинациите на Кан за изборите во 2024 година

Исламабад, 30 декември 2023 (МИА) – Пакистанските изборни власти денеска ги отфрлија документите за номинација на поранешниот премиер Имран Кан во две изборни единици – потег што може да го исфрли од трката неколку недели пред општите избори, пренесе ДПА.

Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан соопшти дека неговите номинации за изборите во неговиот роден град Мианвали во Пенџаб и уште една изборна единица во Лахоре биле отфрлени.

Документите за номинација на други клучни партиски фигури, вклучувајќи го и поранешниот министер за надворешни работи, Шах Мехмуд Куреши, исто така се отфрлени.

- Сите овие одлуки ќе ги оспориме пред судови, соопшти партискиот портпарол.

Изборната комисија прими над 28.000 номинации за изборите за национално и покраинско собрание закажани за 8 февруари.

Се уште не е познато зошто изборната комисија ја отфрли номинацијата на Кан кој се соочи со голем број политички и правни предизвици откако беше сменет од премиерската функција во април 2022 година со гласање недоверба.

Кан беше уапсен во август под обвинение за корупција, а судот подоцна нареди негово ослободување. Но, потоа друг суд во главниот град пресуди дека тој мора да биде задржан во истиот затвор под обвинение за објавување доверлива дипломатска телеграма додека бил на функцијата.

И покрај сите правни проблеми, 71-годишниот Кан сака повторно да биде премиер.

ПТИ ги обвини државните власти дека „неправедно работат против партиските интереси“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан