ИДФ: Хагари наскоро заминува од позицијата портпарол на израелската војска
- Одлуката е донесена во договор со новиот началник на Генералштабот, генерал Ејал Замир, иако медиумите сметаат дека промената значи отказ, бидејќи Хагари не добил унапредување за неговата работа како портпарол за време на војната, пишува Тајмс оф Израел

Тел Авив, 7 март 2025 (МИА) - Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари наскоро ќе го заврши својот мандат и ќе се пензионира од армијата, соопшти денеска армијата.
Одлуката е донесена во договор со новиот началник на Генералштабот, генерал Ејал Замир, иако медиумите сметаат дека промената значи отказ, бидејќи Хагари не добил унапредување за неговата работа како портпарол за време на војната, пишува Тајмс оф Израел.
Во соопштението се наведува дека генералот Замир изразил голема почит кон Хагари за неговата долгогодишна служба во армијата, истакнувајќи го неговиот професионализам за време на, како што се вели, една од најкомплексните војни во историјата на Израел.
Иако Хагари беше популарен во јавноста, политичкото раководство, особено министерот за одбрана Израел Кац, имаше несогласувања со него и се верува дека Кац не сакаше да ја одобри неговата промоција.
Се шпекулира дека новиот портпарол на ИДФ ќе биде назначен од редовите на Армијата, а еден од можните кандидати е полковникот Бени Арон, поранешен командант на 401-та оклопна бригада.
Хагари беше назначен за портпарол во март 2023 година.сд/
фото:МИА архива